Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

🎥Младинските спортски натпревари се претворија во гладијаторски игри

Насилство наместо спорт. Младинските натпревари и спортските терени станаа арена за тепачки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насилство наместо спорт. Младинските натпревари и спортските терени станаа арена за тепачки и недолично однесување. Од почетокот на годината до сега имало 75 инциденти поврзани со насилство и недостојно однесување на спортските терени, повредени биле 15 луѓе, а 7 добиле и кривични пријави. Овие податоци ги објави полицијата, а најчесто регистрирале проблеми во Скопје, 45 од вкупните 75 инциденти. Наместо терен за ширење на спортски вредности, детските натправари станаа арени на меѓусебни навреди, па дури и тепачки во кои често се вмешани и родителите.

„По преземени мерки, регистрирани се седум кривични дела од кои три се за кривичното дело „насилство“, две дела „спречување службено лице во вршење службени дејствија“ и по едно „напад врз овластено службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „насилство врз дете“, за што против 11 лица се поднесени кривични пријави, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка и издадени се платни налози и изготвени записници за сторени вкупно 78 прекршоци,“ се вели во одговорот од МВР за Алфа Телевизија.

Алармот е вклучен по инцидентот во неделата во Штип, на детскиот фудбалски натпревар помеѓу клубовите „Брегалница“ и „Шкупи“ кога родител на дете од Шкупи претепа две момчиња, фудбалери на Брегалница кои завршија во болница со скршеници. Таткото тепач сега е во кумановскиот затвор. Откако судот му одреди осумдневен притвор, Фудбалската федерација на Македонија покрена дициплинска постапка против тројца играчи кои на теренот ја започнале тепачката поради жолт картон, како и против двата клуба. Честопати на детските турнири во фудбал „главен декор“ се униформирани полицајци. Тоа е и една од задачите на Федерацијата, да се погрижи за безбедноста на натпреварите. Изминатиов период инциденти со скандирање на национала основа имаше и на кошарски натпревар во Куманово и на фудбалски натпреват на арената Тоше Провески во Скопје, за што постапија и полицијата и обвинителството.