Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

МКЦ – Битола го одбележува Меѓународниот ден на младите со работилницата „Патот до целта“

Младински културен центар – Битола денеска го одбележува Меѓународниот ден на младите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младински културен центар – Битола денеска го одбележува Меѓународниот ден на младите, посветен на младите, нивните права, потреби, предизвици и можности, како и на нивната важна улога во создавањето на поинклузивни и одржливи општества.

Темата на Меѓународниот ден на младите за 2026 година е „Different Contexts, Common Aspirations“ („Различни контексти, заеднички аспирации“). Таа, како што велат од  МКЦ-Битола, ја истакнува пораката дека, иако младите живеат во различни услови и се соочуваат со различни предизвици, нивните аспирации често се исти – да имаат можности за образование, достоинствена работа, личен развој, активно учество во заедницата и подобра иднина.

По повод денот, Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ-Битола) организира активност посветена на младите, нивните цели и визијата за иднината.

Реклама

Во соработка со „Свесност – центар за психотерапија“, денеска во 19:30 часот, на летната сцена во просториите на МКЦ-Битола на улица „Цар Самоил“ 29, ќе се одржи интерактивната работилница „Патот до целта“.

Работилницата е замислена како простор за лично истражување, размислување и размена на идеи, преку кој младите ќе имаат можност подобро да се запознаат себеси и да размислат за начинот на кој ги поставуваат и остваруваат своите цели.

Програмата ќе продолжи од 21 часот со неформално дружење и музика со DJ Chiko.

Од МКЦ-Битола порачуваат дека секој млад човек има свој пат, но сите млади имаат право на можности, поддршка и простор самостојно да ја креираат својата иднина.