Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Митева: Денешниот настап на СДСM претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден 

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме кон јавниот интерес и медиумската слобода. Денешниот настап на СДСM, со јавно обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција, со графикони и политички квалификации, претставува директен и недозволив атак врз слободата на медиумите. Ова не е легитимна политичка дебата, јас на ова гледам како опасна пракса која потсетува на СДСM кои преку јавен притисок се обидувале да ги стават медиумите под контрола, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија не смее и нема да оди по тој пат затоа што одиме напред и преку дела ја покажуваме нашата сериозна намера да обезбедиме средина во која медиумите ќе работат слободно и без никакви притисоци. И кога велам одиме напред, тоа и сериозно можам да го поткрепам со факти.

Оваа Влада работи на воспоставување институционални механизми за заштита на новинарите, се формира работна група за спречување на SLAPP тужби, се води отворен дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, а СДСM свесно избира да настапи со јавна стигматизација на медиуми.

Реклама

Посебно лицемерно е што вакви напади доаѓаат од политичка партија која декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите јавноста многу добро го памети. Времето на замолчување, селективен пристап, притисоци, омаловажувања и лош однос кон новинари се гледаше на дело токму кога тие зборуваа за „слободи“. Тоа време е завршено.

Колку и да ги познаваме медиумските процеси, колку и да сме свесни за различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Таквото однесување е знак на длабока и структурна слабост на СДСM и намера за притисок.

Очекувам јасна и недвосмислена реакција од целата медиумска заедница, од новинарските здруженија, од граѓанскиот сектор и од сите кои искрено веруваат во слободата на изразување. Затоа што денес се на удар медиумите, а утре може да биде секој критички глас.

Ова што го направи СДСM претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија и потег кој мора да биде јасно осуден затоа што може да остави долгорочни последици.