Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Митески и Јаневска доделија таблети на четвртоодделенците во „Ѓорѓија Пулевски“

Задоволство ми е што општина Аеродром овозможува модерната информатичка технологија да им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволство ми е што општина Аеродром овозможува модерната информатичка технологија да им биде достапна на учениците на нејзина територија и со тоа им го олеснува воспитно – образовниот процес, односно пристапот до повеќе извори на знаења и содржини кои ги интересираат, истакна министерката за образование и наука при денешната посета на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, каде заедно со градоначалникот Дејан Митески им доделија таблет уреди на учениците од четврто одделение, обезбедени со средства на локалната самоуправа.

„Ова е особено важен проект за семејствата со пониски приходи, кои ете, можеби немаат прилика нималку да одвојат од семејниот буџет за да им купат таблет уреди на своите деца, па ете локалната самоуправа обезбедува соодветна поддршка и ги изедначува сите дечиња од тој аспект. Посакувам овој проект да продолжи и во иднина, а примерот на Аеродром да го следат и други локални самоуправи, бидејќи кога визијата на Владата и на општините за модернизација и дигитализација на образованието се совпаѓаат, тогаш стандардите полесно се следат и целите побрзо се остваруваат“, рече Јаневска.

Министерката потенцираше дека Министерството за образование и наука и локалните самоуправи во изминатите три месеци имаат добра синергија и како што нагласи, сигурна сум дека доаѓаат подобри времиња за образованието и за оние кои се вклучени во образованието во Македонија. 

Реклама

„Конечно по 7 години, за прв пат имаме печатени и навремено испорачани учебници на стартот на учебната година.  Започнуваме со крупни промени за кои имаме голема поддршка, како на пример едносменското работење, продолжението престој во училиште, враќање на предметите кои беа обезвреднети во последните 2-3 години – историја, географија, хемија, физика и така натаму. Имаме и најголем број на образовни асистенти досега, над 1000 во основните училишта и како што најавивме – тие од денеска влегуваат во училиштата, а токму во ова училиште пред малку се видов и разговарав со дел од нив“, информираше министерката за образование и наука.

Општина Аеродром трета година по ред бесплатно доделува таблет уреди на сите ученици од четврто одделение на нејзина територија. Годинава се обезбедени околу 850 таблети во вкупна вредност од 6 милиони денари.

Според градоначалникот Митески оваа мерка на најмладите значително им го олеснува процесот на стекнување знаења и истата ќе продолжи и во иднина.