Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Мисајловски во официјална посета на Словенија, состаноци со словенечкиот одбранбен и државен врв

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на покана на неговиот словенечки колега, министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на покана на неговиот словенечки колега, министерот Борут Сајовиц денеска престојува во официјална посета на Словенија. Во Љубљана, министерот Мисајловски ќе се сретне и со Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

-По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации. Во Љубљана ќе биде потпишан и Планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2025 година, а на гробиштата Жале во Љубљана, министерот Мисајловски ќе положи венец со свежо цвеќе како почит кон паднатите словенечки борци во Десетдневната војна во 1991 година, информираат од Кабинетот на министерот.

Во вилата Подрожник, министерот Мисајловски ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција кои беа активно вклучени во борбата со пожарите на македонска територија минатото лето.