Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска потврди дека Македонија нема да испрати…

Сподели:

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска потврди дека Македонија нема да испрати војници во Украина, нагласувајќи дека досега не е направено никакво барање за тоа од страна на Украина. Тој изјави дека како земја-членка на НАТО, Македонија е четврта по ред земја која доделува помош за Украина, но таа помош се однесува на различна опрема, а не на воена интервенција.

Мисајловски истакна дека на Македонија и е важен мирот и мирното решавање на конфликтот, бидејќи тоа ја опфаќа и колективната безбедност. Според него, најпрво има потреба од постигнување мирно решение, а потоа ќе има потреба за дополнителна помош за Украина, особено во обновата на инфраструктурата и капацитетите на земјата.

Министерот за одбрана потврди дека началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествувал на одбранбениот и безбедносен форум во Париз, на кој биле присутни воени претставници од 30 земји на ЕУ и НАТО. Таму се разговарало за нови чекори и планови за воспоставување мир во Украина, но не биле дадени конкретни решенија за идните дејствија.

Реклама

Мисајловски дополнително ја изрази позицијата на Македонија, која останува насочена кон мирно решавање на конфликтот. Тој нагласи дека македонската влада ја поддржува иницијативата за мир и ја поздравува заедничката изјава на Украина и САД по нивните разговори во Џеда, кои предвидуваат прекин на огнот и продолжување на хуманитарната помош и разузнавачката размена.