Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина

Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец со свежо цвеќе во чест на македонските партизани кои својот живот го положија за слободна Македонија., напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Се сеќаваме на храбрите што застанаа против фашизмот. Им оддаваме почит на сите што ја платија слободата со својот живот. Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец. Нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина. Нека им е вечна славата на борците и нашите херои. 9 Мај е Денот на победата над фашизмот – ден кога човештвото избра отпор наместо покорност. Но и Денот на Европа – ден кога се роди идејата за заедништво, соработка и иднина. Денот кога ја славиме идејата за обединета, мирољубива и просперитетна Европа, изградена врз вредностите на солидарност, еднаквост и демократија. Нека не потсети овој ден колку е важно да ги чуваме мирот, слободата и човековите права. Историјата не смее да се заборави – таа е поука и обврска, истакна министерот за одбрана, Владо Мисајловски.