Реклама
Македонија

Мисајловски: Македонија останува силно фокусирана на клучниот столб за напредок на армијата

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска се сретна со бригадниот генерал Крис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска се сретна со бригадниот генерал Крис Меккини, заменик-директор во Европската команда на вооружените сили на САД.

„Македонско-американската одбранбена соработка е вистински пример за тоа како соработуваат две исклучително блиски земји, сојузници во НАТО. На генералот Меккини му се заблагодарив за сета досегашна поддршка во процесот на опремување и модернизација на Армијата, процес кој се рефлектира и на зацврстувањето на колективната безбедност во Алијансата. Благодарност и за можностите за професионално усовршување и едукација за вработените во одбраната и припадниците на Армијата“, напиша Мисајловски.

Тој нагласи дека Македонија останува доследна во својата заложба за стабилно финансирање на одбраната – еден од клучните фактори за развојот на вооружените сили – преку одвојување на значителен дел од буџетот за модернизација.

Реклама

Мисајловски потсети и на значењето на набавката на најсовремени американски оклопни возила JLTV и Stryker, со кои, како што вели, се засилува борбената подготвеност на Армијата и се придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот.