Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Мисајловски на првата сесија на Стратешкиот дијалог со САД: Повеќе од три декади заеднички ги развиваме одбранбените капацитети, продолжуваме со иста посветеност и во иднина

Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија од разговорите посветена на одбранбените и безбедносни прашања при што укажа на долготрајното партнерство помеѓу двете сојузнички земји кое „ги зајакнува одбранбените капацитети и ги зацврстува мирот и безбедноста“. Пред претставниците на американскиот Стејт департмент, Мисајловски истакна дека одбранбената соработка меѓу двете држави е на исклучително високо ниво, додавајќи дека постои потенцијал за уште посилна и посеопфатна соработка на полето на одбраната и безбедноста.

Мисајловски, како што информираат од неговиот Кабинет, упатил благодарност за сета досегашна поддршка од страна на САД и посочил дека ова стратешко партнерство е клучен фактор во процесот на трансформација,  подобрување, развој и модернизација на нашите одбранбени капацитети и способности.

-Континуираната поддршка од САД и останатите сојузници, преку дополнителни заеднички активности овозможува стабилен и одржлив безбедносен развој, усогласување со стандардите на НАТО и исполнување на НАТО целите на способност, рече тој.

Реклама

Во сите овие изминати 30 години, Мисајловски нагласи дека преку клучните програми за безбедносна соработка на САД кои опфаќаат активности меѓу кои и грантови, заеми, набавки и др. за сојузничките земји, имплементирани се 67 аквизициски проекти за потребите на македонската Армија. Дополнително, реализирани се голем број на заеднички вежбовни активности, обука, тренинг и едукација за персоналот во Министерството за одбрана и Армијата.

-Во моментов во процес на набавка се 16 договори со САД кои вклучуваат опрема за различни видови одбранбени капацитети и согласно стратешките документи и Долгорочниот план за развој на одбранбени способности, разгледуваме дополнителни можности за континуиран и значаен развој на соработка со САД, се вели во соопштението. 

За време на денешната прва сесија, Мисајловски се осврнал и на одбранбениот буџет и плановите на раст, модернизација и опремување во текот на наредните 10 години, со цел достигнување на целите договорени на последниот Самит во Хаг односно инвестирање на 3,5% од БДП во одбранбениот буџет и дополнителни 1,5% од БДП за активности и проекти поврзани со безбедноста до 2035 година и посочи дека македонската Влада е сериозно посветена во остварување на договореното.

-Инвестициите во одбраната се стратешки фокусирани во делот на модернизација, зајакнување на интероперативноста, подготвеноста и отпорноста. Остануваме целосно посветени реализацијата на НАТО – целите на способности – подвлече Мисајловски.

Во рамки на стратешкиот дијалог со САД, чиј фокус е продлабочување на стратешкото партнерство и долгорочна соработка на високо ниво, владината делегација ќе оствари повеќе средби со високи претставници од Стејт департментот на кои покрај разговорите за одбраната и безбедноста ќе се разговара и за економската и енергетската соработка.