Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мисајловски: Хеликоптерите од „Леонардо“ се очекуваат навремено до крајот на следната година

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека ресорното министерство направило ревизија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека ресорното министерство направило ревизија на договорот за набавка на хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ и дека ревизијата ги потврдила забелешките кои претходно биле нотирани и од Државниот завод за ревизија, по што случајот е разгледуван од надлежни институции, но дека клучната цел останува тие да пристигнат во земјава без доцнење.

„За мене најважно е хеликоптерите да пристигнат. Станува збор за огромна индустрија, а „Леонардо“ е една од најголемите компании во оваа област и нивни хеликоптери користат повеќе НАТО држави“, изјави министерот.

Мисајловски посочи дека првичната понуда за набавката била околу 213 милиони евра, но договорот подоцна пораснал на 249 милиони евра со вклучен ДДВ, што според него е едно од најсериозните прашања во процесот.

Реклама

„Доколку во постапката се бара дополнителна опрема, тогаш тоа требало повторно да се понуди и на другите компании кои учествувале во постапката, за да се види дали ќе има подобра цена“, рече министерот Мисајловски.

Тој појасни дека пред институциите постоеле две опции – арбитражна постапка за целиот договор или продолжување на процесот со подобрување на условите.

Арбитражата носи ризик да останете и без хеликоптери и без средства, а можни се и пенали. Затоа ангажиравме адвокатска куќа која детално го анализира договорот и предложи чекори за подобрување на условите, истакна Мисајловски.

Според него, во договорот има пропусти, меѓу кои и тоа што хеликоптерите не доаѓаат со сериозно вооружување.

„Воен хеликоптер треба да биде соодветно вооружен. Овие се повеќенаменски, претежно транспортни, но постои можност дополнително да се догради вооружување и тоа ќе биде една од темите на разговор во следниот период“, додаде Мисајловски.

Министерот информира дека испораката на хеликоптерите се очекува до крајот на следната година, при што првите летала би можеле да пристигнат во втората половина од периодот.

Тој нагласи дека државата оваа година ќе исплати околу 100 милиони евра за договорот со „Леонардо“, што значително влијае врз буџетот на Министерството за одбрана.