Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди евра за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната и безбедноста од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави што се одржа оваа недела во Вашингтон. 

Најважното прашање за кое се разговарало, рече, е издвојувањето од 3,5 проценти од БДП за наредните десет години преку буџетот на Министерството за одбрана, за што бил презентиран план како да се стигне целта, што директно ќе се вложува во Армијата и каква опрема ќе се купува во наредната деценија. 

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Мисајловски рече дека Армијата ќе добие многу нова опрема и дека на состаноците се разговарало таа да се купува директно од САД, за што ќе почнат директни преговори со Стејт департментот и со Пентагон. 

Реклама

Посочи дека буџетот на МО многу ќе се зголемува за да се исполни барањето од НАТО за издвојувања во одбраната. Како што рече, во услови на криза тоа е тешко, но дека тоа барање на НАТО е круцијално и ние го правиме тоа на што сме се обврзале кон Алијансата.  

– Ќе го оствариме планот за десет години и она што се бара од НАТО, внимателно, чекор по чекор. Ќе има реакции, но гледате што се случува во регионот и на геополитичката сцена, има две паралелни војни и секоја земја забрзано купува опрема. Мора да си го гледаме својот двор и да склучиме договори што побрзо со големи држави, зашто за опрема многу се чека во целиот овој сплет на околности. Многу ќе се зголемува буџетот во МО, што ни дава шанса да се позиционираме во наредните десет години, да бидеме фактор на стабилност, да купуваме опрема за наши потреби, но утре да помагаме во разни мисии и интероперабилноста да ја зголемиме на секое ниво,  изјави Мисајловски.  

Додаде дека во процесот на модернизација, новите капацитети и инфраструктурата ќе се работи на тоа да биде вклучена и нашата индустрија и домашните компании и паралелно со зголемување на буџетот за одбрана, дел од средствата да остануваат и во нашата држава. 

На состаноците во Вашингтон била констатирана лојалноста на нашата држава кон Америка и позицијата на земја партнер и пријател на НАТО-сојузниците, пред се на САД, и тоа, рече, ќе се продлабочува со договори што ќе се потпишуваат. Како што рече, ние сме мала земја, но можеме да помогнеме на разни начини и тие се благодарни за тоа. 

-Најважно е што сега, а се надевам и во иднина, сме една од државите со најголема стабилност во регионот и продуцираме стабилност насекаде, истакна Мисајловски.  

На средбите  оваа недела се разговарало и за надградба на капацитетите за заштита од кибернапади и хибридни напади и оти од буџетот на МО ќе се издвојува посебна сума за дигитализација и за нови системи за повисоко ниво на заштита.  

-Министетството има посебен сајбер капацитет, можеби сме најподготвени како институција, пред се во воениот дел, за да ги следиме сите тие закани и ризици, и за ова прашање целосно соработуваме со САД, кои ни помагаат и директно во нашите системи и  можат сите ризици да ги детектираат, рече Мисајловски. 

На прашањето со какви ризици се соочува државата во моментов, министерот одговори дека „безбедносната слика се менува од ден на ден“ и дека најголемите предизвици ќе бидат во економијата зашто сме индиректно загрозени од глобалните случувања. 

-Тоа е едно од, би рекол, опасните прашања што нè задира како држава. Второ се сајбер и хибридните закани, што ќе ги имаат и други држави, влијанија од други земји преку прокси елементи, и тоа ќе мора да се следи, додаде Мисајловски.