Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и институциите внимателно ја следат состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и институциите внимателно ја следат состојбата во регионот и пошироко, особено поради актуелните геополитички случувања, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Тој нагласи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема индикации за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат доколку се појават ризици.

– Членството во НАТО претставува значаен фактор за стабилноста и безбедноста на Македонија. Сојузништвото обезбедува механизми за колективна одбрана, но и подобра координација во справувањето со современите безбедносни предизвици – потенцира Мисајловски во гостување во емисијата „За или Против“.

Реклама

Тој додаде дека државата работи на јакнење на одбранбените капацитети и модернизација на Армијата, што е дел од пошироката стратегија за зајакнување на безбедноста. Посочи дека инвестициите во одбраната и соработката со сојузниците се клучни за одржување стабилна и безбедна средина.

-И покрај нестабилноста во некои делови од светот, институциите во Македонија имаат капацитет и подготвеност да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, при што редовно се следат сите потенцијални закани и безбедносни предизвици –  посочи министерот за одбрана Владо Мисајловски.