Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мисајловски: Безбедносната состојба е стабилна, мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори

Безбедносната состојба во државата е стабилна, но институциите внимателно ги следат глобалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедносната состојба во државата е стабилна, но институциите внимателно ги следат глобалните случувања и нивното можно влијание врз економијата, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во гостување на една од телевизиите, Мисајловски посочи дека надлежните служби постојано ја анализираат состојбата и подготвуваат извештаи за безбедносните ризици.

– Честопати изнесувам само некласифицирани информации. Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори, изјави Мисајловски.

Реклама

Тој нагласи дека овие прашања биле разгледувани и на седница на Советот за безбедност на Северна Македонија, каде што било посочено дека глобалните кризи можат директно да влијаат врз економските текови.

Според министерот, една од најчувствителните точки е состојбата околу Ормуската Теснина, низ која минува значителен дел од светската трговија со нафта.

– Околу една петтина од светската нафта поминува низ Ормуската Теснина. Кога таму има тензии, тоа веднаш влијае врз пазарите и економијата, истакна Мисајловски.                            Тој додаде дека веќе се чувствуваат последици на глобалните пазари, особено во делот на енергенсите.

– Може да видиме дека на бензинските пумпи се јавуваат ценовни шокови за граѓаните, со покачување на цените на енергенсите и горивата. Тоа се процеси кои зависат од глобалните случувања, но нивната рефлексија се чувствува и кај нас, рече министерот.

Мисајловски потенцираше дека институциите продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата, со цел навремено да се реагира доколку има поголеми безбедносни или економски последици.