Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Министерството за животна средина потпиша договори со 33 општини за реализација на проекти за канализациска мрежа и водовод

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша договори со 33…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша договори со 33 општини за реализација на вкупно 44 проекти преку инвестициските програми за канализациска мрежа, водовод и програма за води. Според вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, проектите ќе придонесат за подобар животен стандард на граѓаните, како и за подобра животна средина.

– Денеска се потпишаа 44 проекти на 33 општини без разлика на етничката, политичката припадност, имаше и од позицијата и од опозицијата, и Албанци, и Македонци, но најбитно беше дека се квалитетни проекти кои што придонесуваат директно за подобар животен стандард на граѓаните, како и за подобра животна средина. Проектите во главно се за водоснабдување, атмосферска канализација и други квалитетни проекти кои што придонесуваат за да се подигне стандардот на живеење на сите граѓаните во Република Македонија, изјави Меџити.

Нагласи дека овие пари немаат врска со унгарскиот кредит, ниту пак со некои други фондови, туку, како што рече, се средства од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планиарње.

Реклама

– Овие пари се посебни, немаат врска со унгарскиот кредит, ниту со другите фондови. Ова се средства од буџетот на Министерството за животна средина, поделени на 33 општини, кои претставуваат од прилика пола од вкупниот број на општини, рече Меџити.

На новинарско прашање поврзано со проблемите со водоснабдување, како и загадениот воздух кој скопјани го дишат деновиве, Меџити посочи дека тоа е надлежност на Град Скопје, но, како што рече, Владата ќе помогне доколку има потреба.

– Мислам дека за тоа треба да одговори градоначалничката на Град Скопје и директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација. Ако има потреба ќе помогнеме како Влада, но надлежност е на Град Скопје. Десет милиони денари се издвоени за дивата депонија во Никуштак и во Кочани, плус со ребалансот на буџетот поминаа уште 30 милиони денари. Ова се средства за чистење на диви депонии и покрај тоа што се чиста надлежност на општините. Во овој дел ќе излеземе во пресрет и на терен и колку што можеме ќе помогнеме, бидејќи најбитни ни се граѓаните и нивната безбедност. Во однос на воздухот, вчера се потпиша Меморандумот со турската компанија за гасификација на целата држава, проект којшто ќе биде некаде околу милијарда евра, што директно ќе влијае да имаме 50-70 отсто почист воздух, рече Меџити.