Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец

Уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со соодветни реквизити се дел од новиот мултифункционален спортски центар во населеното место Долно Коњари кој денеска беше пуштен во употреба.

Како што соопштуваат од Министерството за спорт, министерот Борко Ристовски на отворањето истакнал дека вложувањата во спортската инфраструктура се важна основа за развој на спортот во сите средини и за поголема достапност на спортот за младата популација.

– Овој простор треба да се чува и да биде место каде младите ќе спортуваат и ќе се учат на позитивни вредности што ги носи спортот. Тоа е простор наменет за сите граѓани и сите треба да се однесуваат одговорно кон ваквите објекти за тие да останат во функција и да бидат од корист за целата заедница – рече Ристовски.

Реклама

Министерството за спорт го реализира овој проект во соработка со локалната самоуправа на општина Петровец, чиј што градоначалник, беше, исто така, присутен на пуштањето во употреба.

Проектот е реализиран во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава.