Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Министерство за култура: „Слушни ме“ е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија

„Слушни ме“ не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Слушни ме“ не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика. Станува збор за документарен проект со јасна општествена, едукативна и инклузивна димензија, кој преку неговата лична приказна ја отвора темата за говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите. Филмот ја истражува улогата на музиката и уметноста како можни алатки за надминување на овие предизвици, испраќајќи порака за прифаќање, еднакви можности и општествена инклузија.

Ова го соопшти вечерва Министерството за култура и туризам, посочувајќи дека  со внимание ги следи реакциите во јавноста поврзани со одлуката за поддршка на документарниот филм „Слушни ме“. Ја разбираме, велат од Министерството, чувствителноста на јавноста кога станува збор за распределба на буџетски средства и сметаме дека е важно граѓаните да бидат целосно информирани за причините поради кои овој проект доби поддршка.

Според Министерството за култура, особено значајно е што проектот обработува тема која директно засега голем број семејства во нашето општество. Преку автентична приказна и препознатлив јавен лик, појаснуваат дека филмот има потенцијал да придонесе кон подигнување на свеста за говорните и комуникациските потешкотии и да поттикне поширока јавна дебата за поддршката што им е потребна на овие деца и нивните семејства.

Реклама

Ресорното Министерство нагласува дека проектот веќе има обезбедено значителен дел од финансиската конструкција преку спонзорства и партнерства, како и поддршка од програмата Creative Europe MEDIA, Министерството за здравство и ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација. Средствата одобрени преку конкурсот на  Агенцијата за филм, посочуваат, претставуваат мал дел од вкупниот буџет и изнесуваат само 1,6 проценти од средствата распределени за поддржаните филмски проекти во овој конкурсeн рок. Истовремено, најголемиот дел од расположливите средства се насочени кон проекти на автори и режисери кои веќе имаат значајни меѓународни признанија и резултати, меѓу кои се Георги М. Унковски, Јани Бојаџи, како и Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, авторите на „Медена земја“. Ова, според Министерството за култура, потврдува дека институциите остануваат доследни на стратешката определба за поддршка на квалитетни филмски проекти кои ја афирмираат македонската кинематографија на меѓународната сцена.

– Нашата обврска е да поддржуваме разновидни филмски проекти кои покрај уметничката вредност носат и општествена корист. Веруваме дека културата не е само простор за уметнички израз, туку и важен механизам за отворање општествени теми, поттикнување емпатија и создавање поинклузивно општество. Затоа, поддршката на „Слушни ме“ треба да се гледа пред сè како поддршка на една значајна општествена тема и на филм кој има потенцијал да придонесе кон поголема свест, разбирање и поддршка за лицата со говорни и комуникациски потешкотии, соопшти Министерството за култура. 

Дополнително, се вели во соопштението, продуцент на проектот е ОХО продукција, компанија која во континуитет работи на развој и реализација на аудиовизуелни проекти од национален интерес. Во моментов, продукцијата е ангажирана и на реализација на ТВ серија и документарен филм посветени на животот и творештвото на Тоше Проески, што претставува уште една потврда за нејзиниот професионален капацитет и посветеност кон проекти со значајна културна и општествена вредност.