Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Министерство за енергетика: Најголемиот ветерен парк во Македонија е силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција

Министерството за енергетика со задоволство ја поздравува денешната официјална промоција на почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика со задоволство ја поздравува денешната официјална промоција на почетокот на изградбата на ветерниот парк кај Штип, поддржан со инвестиција од 500 милиони долари од страна на „Алказар енерџи партнерс“. Со 55 ветерници на површина од 326 хектари, со капацитет да снабдува околу 100.000 домаќинства – проектот е најголемата регионална инвестиција во обновливи извори на енергија во Западен Балкан.

Министерството нагласува дека секоја ваква инвестиција ги потврдува нашите институции како стабилен и предвидлив партнер за вложувања, поткрепена со дисциплиниран пристап и фер регулаторна рамка.

Министерката за енергетика, во своето видеообраќање по повод стартот на проектот, потенцираше:

Реклама

„Оваа Влада ја постави енергетиката како столб на развој. И нема да застанеме додека не ја трансформираме Македонија во регионален центар за обновлива енергија. Како министерка за енергетика, со гордост го поддржувам секој чекор кој води кон оваа цел. Инвестициите во ветер, сонце, вода се мостови кон економска стабилност, зелена транзиција и нови работни места за македонските граѓани. Со оваа инвестиција се градат можности за младите, се градат индустриски капацитети за целата држава и енергетска сигурност за многу домаќинства“ истакна Божиновска.

Министерката Сања Божиновска, при тоа, им се заблагодари и на меѓународните партнери:

„Вашата верба во нашите институции е доказ дека Македонија веќе се гледа како стабилна и предвидлива држава за долгорочни вложувања, почитуван партнер и домаќин на инвеститори кои работат според правилата и веруваат во иднината на оваа земја“.

Од аспект на Министерството, оваа инвестиција носи повеќекратна корист: чиста и стабилна енергија, намалени емисии на јаглерод, пониски сметки за струја и отворање на педесетина нови работни места во фаза на изградба и уште повеќе во функционирањето. Министерството за енергетика останува посветено на поддршката на слични проекти и очекува дополнителни инвестициски шанси за зелена и иновативна енергетика, кои ќе донесат долгорочна корист за граѓаните, економијата и идните генерации.