Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Mинистерски состанок САД-Јадранска повелба во Скопје – владеењето на правото и соработката клучни за стабилноста

Стабилна и мирна Европа што ги следи и почитува принципите на слободата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилна и мирна Европа што ги следи и почитува принципите на слободата и владеењето на правото. Ова е главната порака испратена од министерскиот состанок на САД-Јадранската повелба на кој се потпиша изјава за засилена соработка во заложбите и активностите за мир и стабилност во регионот и пошироко. Стратешкиот партнер САД порачува дека стабилноста на Европа е приоритетот на кој треба да се фокусираат сите земји, вклучително и земјите од ЗБ.

Ние не сме само сојузници, ние сме и пријатели кои се обединети во една визија за мирна и стабилна Европа, што ги следи и почитува принципите на слободата и владеењето на правото. На денешниот состанок разговаравме за сржта на овие идеи и идеали, нагласувајќи дека стоиме заедно со граѓаните од Украина и со тоа потврдуваме дека тоа е борба за вредностите кои сите ние ги почитуваме. Не инспирираше оваа опсежна дискусија, во поглед на унапредување и зајакнување на нашата одбранбена соработка. Станува збор за повеќе од стратегија, станува збор за нашата споделена безбедност и оформувањето на заедничката иднина, порача помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни работи Селест Валандер, по отворањето на 20-тиот Министерски состанок на САД – Јадранската повелба во Скопје.

На министерскиот состанок во фокусот беше и Русија и нејзимните обиди за влијание во регионот.

Реклама

Валандер вели дека “Руската Федерација, како и организациите кои ги поддржува, постојано се трудат да најдат разлики во политичките ставови во земјите од Западен Балкан, со цел да создадат судир што Русија би можела да го искористи“. Македонската министерка за одбрана порача дека додека западните демократии ни помагаат да ги надминеме слабостите кои ги иамме како регион, други земнји ги злоупотребуваат за негова дестабилизација.

„Силно се бориме против руското влијание, и тоа се покажува на дело. Еден од начините е и протерувањето на руски дипломати кои го надминале очекуваното дипломатско однесување. Клучната разлика помеѓу САД и Русија е тоа што, додека западните демократии ни помагаат да ги надминеме слабостите кои ги имаме како регион, други земји ги злоупотребуваат за негова дестабилизација“ – рече Петровска.

САД-Јадранската повелба е основана на 2 мај 2003 година во Тирана како Иницијатива за соработка во одбраната во А-3 контекст тогаш членки беа Албанија, Хрватска, Македонија. Во 2008 година, се упатува покана за членство на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Јадранската група.