Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Министерот за спорт неуморно на терен – увид во изградба на базен, најава за атлетска патека, отворање на игралиште

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска изврши увид во изградбата на затворен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска изврши увид во изградбата на затворен базен во Кавадарци.

Објектот на поранешна ,Ла Луна” ќе прерасне во затворен базен со димензии од 25 на 9 метри и длабочина од 1.20 метри и истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, а рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Министерот Борко Ристовски беше придружуван од градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и претседателот на Советот на општината.

Реклама

Претходно денеска, министерот за спорт, изврши увид и на локацијата каде што е планирана изградба на нова атлетска патека во Гевгелија.

Оваа иницијатива произлегува од барањето на група спортски работници, изнесено за време на предизборните посети. Со овој проект, Гевгелија ќе добие модерна атлетска патека, која ќе биде клучна за развој на атлетските активности во градот и околината. По детална анализа, е избрана најсоодветната локација и е подготвен елаборат за изградба.

„Оваа патека ќе придонесе кон создавање подобри услови за тренинг и натпревари, поттикнувајќи го спортскиот развој на локално ниво. Проектот за изградба на атлетската патека е дел од напорите за подобрување на спортската инфраструктура и се очекува да започне наскоро. Оваа нова патека ќе биде важен ресурс за сите љубители на спортот во Гевгелија“ изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Тој денеска присуствуваше и на свеченото пуштање во употреба на ново спортско мултифункционално игралиште во Давидово.

Ова игралиште ќе им овозможи на жителите на Давидово и околината да се занимаваат со различни спортови и активности, како што се кошарка, фудбал, одбојка и други.

„Изградбата на ова современо спортско игралиште е дел од нашата посветеност да го унапредиме спортскиот живот и да создадеме здрави услови за рекреација и дружење. Верувам дека оваа нова инфраструктура ќе поттикне многу млади луѓе да се занимаваат со спорт и да водат активен и здрав начин на живот. Исто така, се надевам дека ова игралиште ќе биде место каде што сите генерации ќе можат да се собираат, да играат и да се дружат“ рече Ристовски.