Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска во во комплексот „АСНОМ“ во Кочани свечено беше отворен Дневен центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост на возраст од над 26 години – „Пролет“, како проект на Министерството и Светска банка, во партнерство со општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево и Црвен крст Кочани како давател на услугата.

Велковски од настанот пред новинарите рече дека отворањето на Центарот во Кочани  е дел од поддршката на низа вакви проекти, што ја дава Министерството на локалните самоуправи во заеднички партнерски однос.

-На ваков начин овозможуваме да се создадат соодветни просторни услови, заедно со нашите провајдери, во случајот Црвен крст Кочани, и тие да бидат подадена рака на самиот систем за социјална заштита и поддршка на лицата со попреченост. Продолжуваме со овие проекти и понатаму, даваме максимална подршка на овој процес, ќе ја зголемуваме динамиката во согласност со потребите на локалната заедница  и таму каде што е најпотребно, рече министерот за  социјална политика, демографија и млади, Велковски.

Реклама

Според кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов, новоотворениот Центар за лица со попреченост е плод на соработка помеѓу Општината и Министерството за социјална политика, демографија и млади, Црвен крст Кочани, општините Чешиново-Облешево и Зрновци, како и со општествено одговорни компании од градот.

-Се потрудивме и релативно брзо го изградивме овој Центар, каде нашите најмили кои имаат потреба од ваква грижа ќе  поминат дел од денот овде, дружејќи се меѓу себе, заедно со лица ангажирани за вакви установи.

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше со што овозможи 110 квадратни метри соодветно опремени да им бидат ставени на располагање и дневно згрижување на 12 лица со попреченост на возраст над 26 години.