Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Министерот Сали се сретна со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Арпагуш

Во просториите на Владата на Македонија,  првиот заменик-претседател на Владата, и министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Владата на Македонија,  првиот заменик-претседател на Владата, и министер за надворешна работа Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.

-За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како и на унапредувањето на меѓурелигиската и институционалната соработка. Соговорниците ја истакнаа важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање во промовирањето на мирот, стабилноста и заедничките вредности, велат од МЕП.

Во овој контекст било нагласено дека традиционалните пријателски односи меѓу Македонија и Турција претставуваат цврста основа за продлабочување на соработката во иднина, особено во областите од заеднички интерес за граѓаните на двете земји.