Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Министерот Перински на национален Совет за рамномерен регионален развој

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска претседаваше со националниот Совет за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска претседаваше со националниот Совет за рамномерен регионален развој, кој денеска ја одржа 38 седница, практично со нов состав. Со последните измени на Законот за рамномерен регионален развој е направено усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што структурата на Советот останува иста, но за прв пат членови на Советот се и министрите на новите министерства, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и  Министерството за спорт.

„Ова е местото каде што сите вклучени страни од двете нивоа на власт, централната и локалната, ги усогласуваат ставовите по прашањата од важност за рамномерниот регионален развој“, истакна претседателот на Советот, министерот Перински, кој посочи дека во наредниот период Советот ќе се состанува со зголемена динамика, а целта е да се поттикне развојот во сите општини и плански региони, соодветно на потребите на граѓаните и секогаш со вклученост на граѓаните.

На денешната седница, Советот ги утврди Предлог Одлуката за индикаторите за пресметување на развојниот индекс на планските региони и Предлог Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеност, за периодот 2024-2028. Најразвиен останува Скопскиот плански регион, а со најнизок развоен индекс се Вардарскиот и Североисточниот плански регион во земјава. На предлог на Советот за рамномерен регионален развој, Одлуките ги донесува Владата.

Реклама

Советот за рамномерен регионален развој е координативно тело меѓу надлежните министерства што имаат буџетски програми со влијание на регионалниот развој, но обезбедува и координација со Советите за развој на планските региони, каде членуваат градоначалниците од соодветниот плански регион.

На седницата, сите точки од дневниот ред беа едногласно усвоени, а претседателот на Советот, министерот Перински, најави дека следната седница ќе се одржи во јануари на која ќе се разгледува одлуката за подрачјата со специфични развојни потреби.