Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во нашата држава, Паоло Палминтиери.

За време на средбата, министерот Муцунски му посака успешна мисија на новиот италијански амбасадор, изразувајќи уверување дека неговото дипломатско искуство и личен ангажман ќе придонесат значително кон продлабочување на односите и доближување на двете земји. Тој се заблагодари за посветеноста на Италија и нејзината проактивна улога во забрзување на процесот на европската интеграција на Македонија.

Соговорниците, изразија заедничко задоволство и од досегашниот развој на билатералните односи, акцентирајќи ги заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски. Притоа, беше нагласена потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката, особено во економскиот сектор и други области од заеднички интерес.