Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Министерот Мисајловски во Турција на саемот за воена индустрија – IDEF 25

Утре и задутре (22-23 јули), делегација од Министерството за одбрана предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре и задутре (22-23 јули), делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Владо Мисајловски ќе престојува во Турција, каде по 17-ти пат се одржува еден од најголемите саеми за воена индустрија IDEF 25.

За време на престојот, министерот Мисајловски ќе се сретне со својот колега министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун, а се очекува и средба со други високи лица од одбранбениот сектор.

На саемот IDEF 25, во придружба на министерот Мисајловски ќе биде и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Реклама

На саемот македонската делегација ќе се запознае со најновите технологии во областа на воената индустрија и ќе оствари контакт со голем број на компании од оваа област, што е исклучително значајно имајќи го предвид процесот на модернизација и опремување на Армијата и исполнувањето на НАТО Целите на способности.