Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска во Рамштајн, Германија учествуваше на состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска во Рамштајн, Германија учествуваше на состанок на Контакт-групата за Украина кој го водеше секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, а на кој за првпат присуствуваше и украинскиот Претседател Володимир Зеленски.

На денешниот состанок на кој учествуваа министри за одбрана  и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, а кој се одржа во три сесии со свои обраќања го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин и Претседателот на Украина, Зеленски. На состанокот беше потврдено дека мора да се почитуваат принципите на меѓународниот правен поредок и недвосмислено беше изразена поддршка за независноста и одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

57 земји од кои сите 32 членки на НАТО Алијансата ја сочинуваат Контакт-групата за Украина каде под лидерство на Соединетите Американски Држави се координираат напорите за помош и поддршка на Украина.

Реклама

Нашата земја останува посветена кон поддршката на Украина и украинските граѓани.

На маргините на состанокот на Контакт–групата за Украина, министерот Мисајловски оствари средби со своите колеги од Бугарија, Албанија и Косово и со заменик министерката за одбрана на Романија на кои беше потврдена заложбата за траен мир во Европа.