Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Министерот Минчев на средба со Ивета Хрицова, новата словачка амбасадорка

Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во земјата, Ивета Хрицова, на која станало збор за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на реформските приоритети во областа на јавната администрација.

Како што соопштија од Министерството, на средбата било истакнато пријателското партнерство меѓу двете земји, со посебен акцент на можностите за унапредување на соработката во областа на јавната администрација, реформските процеси и размената на искуства и добри практики насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и професионализацијата на административните служби.

Министерот Минчев, се додава, ја нагласил посветеноста на Министерството кон спроведување на реформите во јавниот сектор, усогласени со европските стандарди, како и значењето на меѓународната соработка во овој процес.

Реклама

– Реформата на јавната администрација претставува клучен столб за добро управување и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. Искуствата и поддршката од пријателските земји, како Република Словачка, имаат значајна улога во унапредувањето на институционалните капацитети и имплементацијата на современи административни практики – истакнал Минчев.

Двете страни изразиле подготвеност за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и поддршка на реформските приоритети во областа на јавната администрација потенцирајќи ја важноста на континуираниот дијалог и институционалната размена, стои во соопштението од кабинетот на министерот за јавна администрација.