Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Министерот Хоџа од екоакција на Матка: Чистата природа мора да стане наш стандард, а не реткост

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска им се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска им се придружи на волонтерите во голема акција за чистење на локалитетот Матка, едно од најзначајните природни богатства во земјава.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, за време на акцијата министерот Хоџа истакна дека институциите забрзано работат на системски решенија, но дека клучот за долгорочен успех е во личната одговорност на секој поединец.

-Денеска спроведуваме акција со која го собираме отпадот, но главната цел е да испратиме порака – крајно време е одговорноста кон природата да ни стане навика. Како Министерство, инвестираме во зелена инфраструктура, но силата е во сите нас како граѓани. Чистата природа треба да ни биде стандард, а не реткост, истакна Хоџа.

Реклама

Министерството упатува благодарност за соработката и поддршката до Општина Сарај, колективните постапувачи за управување со отпад и до сите волонтери „кои со својот личен пример денеска покажаа како се чува животната средина“.

-Оваа акција е дел од пошироките заложби за заштита на природните вредности и поттикнување на еколошката свест кај граѓаните, наведува МЖСПП во соопштението.