Реклама

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Македонија

Министерот Хоџа се сретна со првиот човек на ЕБРД: Забрзување на клучните еколошки инфраструктурни проекти

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа оствари работна средба со директорот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во Скопје, Фатих Туркменоглу,  на која беа разгледани тековните и идните проекти во областа на управувањето со отпадот и водната инфраструктура.

Како што информира Кабинетот на Хоџа, на средбата беше ставен акцент на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира со финансиска поддршка од ЕБРД, како и на проектот за изградба на Пречистителната станица за отпадни води за градот Скопје-еден од најзначајните еколошки инфраструктурни проекти во државата.

Министерот Хоџа ја нагласи важноста на партнерството со ЕБРД, оценувајќи дека поддршката од Банката има клучна улога во воспоставувањето на регионални системи за управување со отпад, подобрувањето на квалитетот на животната средина и усогласувањето со европските стандарди.

Реклама

Во рамки на средбата беа разгледани и тековните активности, динамиката на реализација, како и отворените прашања поврзани со инфраструктурните зафати, при што беше изразена заедничка подготвеност за нивно навремено надминување.

Двете страни ја потврдија заложбата за продолжување и продлабочување на соработката, со фокус на одржливи инвестиции, заштита на животната средина и поддршка на зелената транзиција на Македонија.