Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Министерот Андоновски се обрати на 9-тото издание на „Italian design day“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на 9-тото издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на 9-тото издание на „Italian design day“, во организација на Амбасадата на Република Италија во соработка со Италијанската трговска агенција. Андоновски истакна дека ова е одлична прилика и можност да се разговара со нашите пријатели од Италија, и преку примери да размениме искуства за предизвиците и можностите со кои се соочува нашата држава за надминување на нееднаквстите, урбана иновација, технологија и одржливост.

Андоновски на настанот се осврна и на тоа дека фокусот на министерството е следење на трендовите и технологиите, и дека министерството е посветено на креирање на систем кој обезбедува достапни и инклузивни услуги за сите граѓани.

„Нашиот фокус е да ја направиме технологијата да биде разбирлива и лесно достапна, да ја понудиме едноставноста и ефикасноста која ќе го намали товарот за секој граѓанин“, изјави Андоновски.

Реклама

Тој додаде дека нееднаквосите не се решаваат преку еден проект или едно решение, туку тоа е контиуниуран процес кој бара посветеност, иновација и партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор, како и постојана едукација на сите наши граѓани.

„Мојата визија е да изградиме едно општество каде технологијата не само што ја подобрува секојдневната ефикасност, туку го прави животот на секој граѓанин полесен, подобар и подостапен.” заврши во своето обраќање министерот Андоновски