Реклама

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Македонија

Министерот Андоновски на првиот академски час на „Еуропа Прима“ и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ денеска со свечен прв академски час ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ денеска со свечен прв академски час ќе ја почне академската 2026/2027 година и ќе го означи почетокот на одбележувањето 20 години од своето постоење.

Свеченоста ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, со почеток во 12 часот, а на неа е најавено обраќање на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Пред новата генерација студенти ќе се обрати и ректорот на Универзитетот, проф. д-р Александар Трајковски, кој ќе ги поздрави бруцошите и ќе ги претстави студентите што во изминатата година освоија значајни меѓународни признанија на театарски и филмски фестивали.

Реклама

Во рамките на настанот, проф. Златко Шумковски од Универзитетот во Келн ќе ги претстави насоките за натамошниот развој на соработката меѓу Македонија и Германија во областа на дигиталните медиуми.

На свеченоста ќе присуствуваат и гости од повеќе странски универзитети со кои „Еуропа Прима“ соработува преку програмата „Еразмус+“, како и претставници на Фестивалот на Југоисточна Европа, кој Универзитетот го организира во Париз, Берлин и Вашингтон.

Според организаторите, на крајот од настанот свечено ќе им бидат врачени индексите на студентите од новата генерација.