Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Министерот Алиу со „Мобилен кабинет“ во Гостивар

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе ја продолжи иницијативата „Мобилен кабинет“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе ја продолжи иницијативата „Мобилен кабинет“ со посета на Општа болница Гостивар.
 
Како што информираат од Министерството за здравство, во периодот од 14:15 до 15:15 часот Алиу ќе одржи средби со граѓани, кои ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем. За учество на овие средби, потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна на интернет страницата на Министерството за здравство.
 
Министерството за здравство ги повикува граѓаните на Гостивар и околината да ја искористат оваа можност за директна комуникација со министерот Алиу.
 
Иницијативата „Мобилен кабинет“ претставува  модел на теренска работа преку кој министерот за здравство, заедно со членови на кабинетот ги посетува здравствените установи низ државата, а веќе е реализирана посета на КБ Штип и средби со граѓаните од овој регион. Целта, како што посочуваат од Министерството за здравство, е директен увид во состојбите на јавните здравствени установи, подобра координација со медицинските работници и отворен дијалог со граѓаните.