Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Министерот Љутков се сретна со албанскиот колега Гонџја на „ИТБ Берлин“  

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на маргините на светската туристичка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на маргините на светската туристичка берза „ИТБ Берлин“ (ITB Berlin), оствари средба со министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџја. 

Како што информира Министерството за култура, средбата беше посветена на унапредување на билатералната соработка во областа на туризмот и културата, со посебен акцент на прекуграничниот развој и заедничката регионална промоција. Во фокусот на разговорите беше продлабочувањето на соработката меѓу граничните региони, како и можностите за заеднички апликации за европски фондови ИПА и Интеррег. Министрите разговараа и за развој на заеднички туристички производи во Охридско-преспанскиот Регион, како автентична дестинација со заеднички културни и природни вредности.

Посебно внимание беше посветено на креирање заеднички туристички рути и културно-историски тури што ги поврзуваат манастирите, традицијата и гастрономијата од двете страни на границата. Беа разгледани и можностите за развој на еколошки и авантуристички понуди, вклучувајќи планинарење, езерски тури и велосипедски патеки.

Реклама

Министрите ја потенцираа важноста од координиран настап на трети пазари преку B2B-настани и презентации пред туроператори, со цел регионот да се промовира како единствена туристичка целина. Притоа беше истакната и улогата на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана како платформа за промоција на македонската култура и уметност.

-Средбата ја потврдува посветеноста на двете земји кон градење силно регионално партнерство и заедничка визија за одржлив и конкурентен туристички развој на Балканот, наведува Министерството.