Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Министерката Петровска цврсто му верува на „Леонардо“ и покрај бројните скандали

Контроверзната италијанска компанија Леонардо хеликоптерс којашто ја пратат скандали во светот, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Контроверзната италијанска компанија Леонардо хеликоптерс којашто ја пратат скандали во светот, а и кај нас, ќе ја опреми армијата со 8 хеликоптери тешки 230 милиони евра, но министерката за одбрана Славјанка Петровска тврди дека е тендерот е чист и се е според закон.

Таа детално објасни дека 3 години тим на армиски експерти правел анализи, па нејасно е како тие дошле до скандалозниот производител на хеликоптери Леонардо.  Уште позбунувачки се изјавите на министерката бидејќи Леонардо последнива деценија  се поврзва со корптивни скандали во Колумбија, Јужна Кореја, Индија, Панама, Индонезија и Норвешка, но таа Петровска цврсто им  верува на Италијанците.

И покрај скандалите за корупција во светот Леонардо сепак на 100 дена пред избори доби тендер вреден стотици милиони евра. Но, министерката Петровска и за ова има фантастично обаснување. Опремувањето на армијата и зголемувањето на одбраната на нашата држава ништо не може да ги запре.

Реклама

Пред неколку дена опозицијата обвини дека изборот на Леонардо е уште еден коруптивен скандали бидејќи според сознанијата на пратеникот Александар Николоски на конкурсот се пријавил и француско-германски огромен конзорциум, упте еден шведски и еден американски производител. Но, изборот паднал на Леонардо и тоа на само 100 дена пред избори.

Имено, летото 2019 -та, опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ) и тоа од истиот Леонардо, откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста. Антикорупциска проверуваше, но не направи ништо, а обвинителството за организиран криминал исто така не најде ништо спорно.

Овојпат, 8 те хеликоптери треба да стигнат во Македонија до крајот на 2028, а министерката како осреќна околност го најави плаќањето на рати на фантастичните 230 милиони евра.