Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина, соопштија од министерството за финансии.

Фокусот на годинашниот, 11-ти по ред, Економски и финансиски дијалог, којшто претставува годишен дијалог за економска политика, е конкурентноста на Европа во контекст на сегашните геополитички случувања и потребата од поедноставување на правната рамка со цел намалување на административниот товар врз компаниите. Во тој контекст, министерката ќе се осврне на реформите што ги презема македонската Влада на полето на подобрување на конкурентноста на економијата со крајна цел забрзување на економскиот раст.

На годинашниот Економски и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка, Европска инвестициска банка, како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина. На состанокот ќе бидат усвоени заеднички заклучоци кои во наредниот период ќе бидат основа за креирање политики и спроведување реформи на патот на РС Македонија за целосна евроинтеграција.