Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Економија

Министерката Димитриеска-Кочоска на Форумот „Инвисио“ во Виена

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре учествува на Форумот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре учествува на Форумот на Централна и Источна Европа „Инвисио“, кој на едно место обединува клучни чинители од областа на финансиите.

На Форумот, министерката за финансии ќе ги претстави политиките што ги спроведува Владата, кои се темелат на новиот концепт на економски раст заснован на инвестиции, а коишто имаат и позитивно влијание врз одлуките што ги носат инвеститорите. Акцентот ќе биде ставен на реформите и политиките за управување со јавните финансии. Министерката е воведен говорник на Форумот заедно со првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман , заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и регионалниот заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

Учеството на Форумот „Инвисио“, претходно познат како „Еуромани“, е можност министерката Димитриеска-Кочоска да оствари и повеќе средби со инвеститори, на кои ќе стане збор за проекти што се реализираат и кои допрва треба да се реализираат, а во кои инвеститорите може да најдат интерес. Особено се значајни големите инфраструктурни проекти и проектите во енергетиката.

Реклама

Форумот е годишен настан кој на едно место спојува професионалци од различни сегменти на финансискиот и банкарскиот сектор и дава можност за информирање за најновите случувања во финснсискиот свет и отворање дискусии за трендовите и иднината на финансиските пазари. На него учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски институции, банкарски групации, инвестициски фондови, регионални групации и сл.