Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Министерката Божиновска учесник на Астана Интернационалниот Форум

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Астана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Астана Интернационалниот Форум (AIF 2025).

Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе учествува на главните сесии на форумот, посветени на енергетиката, климатските промени и
одржливиот развој. Нејзиното присуство на AIF 2025 е дел од пошироката иницијатива за зајакнување на енергетската дипломатија на Македонија и интензивирање на билатералната соработка со земјите од Централна Азија.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе има обраќање на пленарна сесија со наслов „THE RESOURCE RACE: WHO CONTROLS THE GREEN
FUTURE“. Сесијата е фокусирана на глобалната трка по критични минерали и ретки елементи што се клучни за енергетската транзиција и зелените
технологии.

Реклама

Астана Интернационалниот Форум оваа година се одржува под мотото „Поврзување на умови, обликување на иднината“ и обединува над 600 високи
гости, меѓу кои шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации, експерти и претставници на бизнис заедницата. Форумот го отвори претседателот на Казахстан, Токаев, a учествуваа и свое обраќање имаа претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Руанда Пол Кагаме, како и поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Преку учеството на форумот, министерката Божиновска ќе има можност да разменува искуства и идеи со креатори на политики од целиот свет, да ги претстави приоритетите на енергетската транзиција на Македонија и да иницира нови партнерства во насока на зголемување на инвестициите во чисти извори на енергија и зајакнување на регионалната енергетска безбедност.