Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Министерката Божиновска од Атина: Имаме активна улога во регионалните енергетски процеси

Присуството на Македонија меѓу енергетските лидери од ЕУ, САД и регионот е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Присуството на Македонија меѓу енергетските лидери од ЕУ, САД и регионот е јасен показател дека нашата држава се позиционира како активен и кредибилен партнер во трансатлантската енергетска рамка, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по завршувањето на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Атина,. Таа посочи дека нашата земја „има визија и јасна определба да биде дел од решението за енергетската иднина на регионот“.

За време на дводневниот настан на кој присуствуваа двајца американски секретари и над 20 министри за енергетиката, министерката имаше можност да оствари билатерални контакти, да разговара за енергетски теми, учествуваше на министерскиот состанок на крајот од конференцијата, од Атина посочи дека „присуството на Македонија на вакви форуми е потврда дека се движиме рамноправно со европските и трансатлантските партнери во новата енергетска ера“.

– Вниманието што беше посветено на нашата земја од страна на домаќините и меѓународните партнери е признание за активната улога што Македонија ја има во регионалните енергетски процеси, тоа е признание за нашата конзистентна политика, за реформите што ги спроведуваме и за довербата што ја градиме како сигурен и предвидлив партнер. Присуството на Македонија на еден ваков глобален форум е јасен показател дека нашиот глас се слуша таму каде што се водат најважните разговори за енергетската иднина на регионот и на Европа, истакна министерката.

Реклама

Објасни дека P-TEC е платформа што ги обединува енергетските лидери од Европа и Северна Америка и токму таму се поставуваат насоките за новиот енергетски баланс во кој сигурноста, диверзификацијата и чистата енергија се централни приоритети.

Министерот за енергетика на Грција Ставрос Папаставру во вчерашниот говор на состанокот, осврнувајќи се на значајните регионални проекти го спомена и интерконекторот со нашата земја, а министерката посочи дека особено ја цени поддршката и вниманието од Папаставру, „кој ја препозна конструктивната улога на нашата земја во регионалните енергетски иницијативи“.

За билатералните контакти што ги оствари на маргините на форумот, Божиновска објасни дека биле фокусирани на прекугранично поврзување и модернизација на енергетските системи.

– Разговаравме за заедничките напори за намалување на зависноста од рускиот гас, за зголемување на сигурноста на снабдувањето и за забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во европските енергетски мрежи. Македонија е подготвена да придонесе со конкретни проекти, партнерства. Нашата визија е јасна – стабилен регион и сигурна енергетска иднина. Македонија се движи во насока на европските стандарди – со јасна визија за енергетска транзиција и модерна инфраструктура што ќе обезбеди сигурност и конкурентност на нашиот пазар, посочи министерката.

По покана на новоименуваната американска амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл, присуствуваше и на приемот во чест на американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и секретарот за внатрешна безбедност Даг Бургам, на кој учествуваа претставници на водечки енергетски компании и министри од Европа.

– Особена чест беше да присуствувам на свечената вечер организирана во рамки на форумот, заедно со државните секретари на САД и Грција и лидерите на европската енергетска агенда. Настанот беше симбол на новата трансатлантска енергетска соработка – мост што ги поврзува двата континента во заедничка цел: енергетска стабилност, безбедност и одржлив развој, рече Божиновска.

За важноста на енергетиката, министерката подвлече дека енергетиката не е само економија, „таа е политика на сигурност и доверба“.

– Македонија денес зборува на таа маса рамноправно, со визија и со јасна определба да биде дел од решението за енергетската иднина на регионот, порача министерката.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на состанокот учествуваше по директна и официјална покана од секретарот за енергетика на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт и на министерот за енергетика на Грција Ставрос Папаставру, кои беа домќини на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC).