Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Министерката Божиновска на Балканскиот Енергетски Самит: Зајакнување на регионалната соработка и енергетската безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на 9. Балкански Енергетски Самит што ќе се одржи во Атина, Грција. Настанот е организиран под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија (РКЕ).

Божиновска ќе биде дел од министерскиот панел со кој ќе се означи официјалното отворање на самитот. Заедно со свои колеги од регионот, таа ќе дискутира за унапредување на стратешката соработка во енергетскиот сектор на Балканот. Клучни теми на панелот ќе бидат јакнењето на регионалната енергетска безбедност, развојот на хибридни енергетски решенија и креирањето на заеднички пристап кон глобалните енергетски предизвици.

Во рамки на настанот, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ќе го презентира националниот план за енергетска транзиција на Северна Македонија, со посебен фокус на постепено напуштање на јагленот и премин кон користење хидроген и природен гас, согласно долгорочните енергетски цели на земјата.

Реклама

Ова издание на Балканскиот Енергетски Самит ќе собере повеќе од 40 истакнати говорници, вклучувајќи министри, регулатори и претставници од водечки компании во енергетската индустрија. Самитот претставува важна платформа за воспоставување нови стратешки партнерства и поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот.