Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Минимално поскапување на струјата за 0.9%, во просек сметките се зголемуваат за 20-тина денари

Просечната сметка за струја од 2.000 денари по домаќинство се зголемува за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната сметка за струја од 2.000 денари по домаќинство се зголемува за само 22 денари. Регулаторната комисија за енергетика минимално ја зголеми цената на струјата за 0.92% во просек. Барањата од ЕВН биле цената да порасне за 4,4%, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека не ги прифатиле нивните пресметки во целост и морале да ја задржат ценовната стабилност. Најмало зголемување на цената ќе имаат потрошувачите во првиот блок или плус 0.68%. Во вториот блок цената се зголемува за 0.9%, во третиот блок порастот изнесува 1,93%, а во 4-тиот зголемувањето е најголемо или 2,24%. Струјата во евтината тарифа поскапува за 0.9%.

Бислимоски додаде дека со оваа одлука на РКЕ се враќаат и 65 милиони денари долг кон ЕВН направен за време на енергетската криза, а ќе бидат вратени уште преостанатите 135 милиони денари, но чекор по чекор за да нема никакво влијание врз крајните потрошувачи.

Домашните електрани ја зголемија цената по која ќе и ја продаваат струјата на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум од 60 на 62 евра за мегаватчас. Струјата исто така минимално поскапе кон крајот на јуни годинава за помалку од еден процент за потрошувачи од првите два блока.