Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Минчев: ЗНАМ останува отворенa за сите граѓани што веруваат во чесна, директна и принципиелна политика

Во интервју за неделникот „Фокус“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во интервју за неделникот „Фокус“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев, даде јасен и принципиелен осврт на состојбите во СДСМ, партија во која политички израснал и во која, како што истакнува, со години вложувал искрена и целосна посветеност.

„СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија“, нагласи Минчев.

Тој оценува дека денешниот СДСМ суштински се разликува од тоа каков бил бил во минатото посочувајќи дека во изминатата деценија го изгубил кредибилитетот кај граѓаните поради коруптивни практики, институционален клиентелизам и сериозни отстапки од националниот
интерес.

Реклама

„За жал, СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст“, вели Минчев потенцирајќи дека ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење имајќи ја предвид историската улога што СДСМ ја имал во државата.

Осврнувајќи се на можноста за евентуално обединување меѓу СДСМ и Движењето ЗНАМ, Минчев е дециден дека такво сценарио не е можно, без вистинско соочување со минатото и преземање јасна одговорност. 

„Не можете да се обедините со некого што не се соочил со сопственото минато. Не можете да градите иднина ако старите практики сè уште се бранат, релативизираат или премолчуваат“, истакна тој. 

Според Минчев, ова не е прашање на лични односи, суети или политички калкулации, туку исклучиво прашање на принципи.

„Ова е прашање на принципи. А принципите или ги имаш или ги немаш. Тие не се ставаат во заграда кога е тешко, ниту се тргува со нив кога политички одговара“, порача Минчев.

Тој истакнува дека Движењето ЗНАМ е формирано токму како одговор на одбивањето да се прифати корупцијата како „нормалност“ и клиентелизмот како „реалност“, со јасна цел – враќање на моралот, достоинството и одговорноста во политиката.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува отворено за сите граѓани што веруваат во чесна, директна и принципиелна политика, со јасен став дека без одговорност и суштинска промена нема простор за компромиси со старите практики.