Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Минчев: Партиските привилегии на товар на граѓаните завршуваат – јавниот сектор ќе работи за граѓаните, а не за партиите

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, порача дека започнува процес на рационализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, порача дека започнува процес на рационализација на јавниот сектор – намалување на членовите на управните и надзорните одбори, укинување и спојување на непотребните институции и воведување јасни правила за професионално управување, се наведува во денешното соопштение на Кабинетот на министерот за јавна администрација.

„Доста беше јавниот сектор да биде сервис за партиските кадри и распределба на привилегии. Управните и надзорните одбори со години беа структури со преголем број членови, со сомнителни критериуми и без отчетност. Тоа е неприфатливо. Ќе воспоставиме ред – помалку одбори, помалку членови и избор само на професионалци со знаење, стручност и компетенции, а не со партиска книшка.“ – изјави Минчев.

Тој децидно нагласи дека ќе се стави крај и на нефункционалните институции:

Реклама

„Имаме институции кои постојат само на хартија, со по неколку вработени и преклопени надлежности. Тие не се вистински институции, туку симболи на неефикасност и расфрлање на државните пари. Со нивно спојување и оптимизација ќе обезбедиме рационализација – помалку трошоци, подобра координација и поефикасни услуги за граѓаните.“

Минчев додаде дека Владата е решена да изгради модерна и професионална администрација:

„Подготвуваме нов закон за висока раководна служба со кој ќе ја искорениме партизацијата при избор на функционери. Никој повеќе нема да биде назначен по партиска книшка, туку според знаење, искуство и стручни вештини. Тоа е реформата што Македонија ја заслужува.“

Министерот потсети дека Владата веќе покажа конкретни резултати:

„Со укинувањето и фузионирањето на Инспекцискиот совет во рамки на МЈА, заштедивме околу 300.000 евра годишно. Со замрзнувањето на платите на функционерите покажавме дека сме подготвени прво да почнеме од себе.

Продолжуваме со суштинските реформи – намалување на одборите, оптимизација на нефункционалните институции и намалување на партиските привилегии.“ – заклучи Минчев.