Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Минчев од Белград: Продлабочена соработка и поефикасна јавна администрација меѓу Македонија и Србија

Соработката меѓу Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација влегува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработката меѓу Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација влегува во нова, поконкретна фаза со утврдени активности и јасни механизми за реализација, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев за време на неговата посета на Белград по средбата со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ.

-Денешната средба претставува значаен чекор во продлабочувањето на институционалната соработка, особено во делот на управување со човечките ресурси, подготовката на јавни политики и развојот на информациските системи, истакна Минчев, потсетувајќи дека рамката воспоставена со Меморандумот за соработка од 2024 година сега се надградува со конкретни мерки.

Како што соопштија од Министерството за јавна администрација, на средбата меѓу делегациите на двете министерства биле разгледани можностите за унапредување на системот на обуки преку размена на програми, воспоставување мрежа на обучувачи, како и поврзување на дигиталните платформи за е-учење.

Реклама

-Постигнавме согласност за размена на програми и формирање на заедничка мрежа на обучувачи, нагласи министерот, додавајќи дека се планираат и студиски посети, како и размена на административни службеници за практично споделување искуства.

За следење на реализацијата на договорените активности ќе функционира и заедничка работна група, чија улога ќе биде континуирана координација и проверка на напредокот.