Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Минчев: Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции и одржлива европска иднина

Изградба на професионална и ефикасна јавна администрација усогласена со европските стандарди е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на професионална и ефикасна јавна администрација усогласена со европските стандарди е еден од клучните приоритети на Македонија на патот кон членство во Европската Унија, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев во обраќањето на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес.

Како што соопштуваат од Министерството за јавна администрација, во своето излагање, министерот нагласил дека Македонија веќе спроведува суштински и системски промени насочени кон изградба на професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди. 

– Патот кон Европската Унија не се гради само преку усогласување на законите, туку преку институции што функционираат и администрација која испорачува резултати – истакна министерот.

Реклама

Тој потенцираше дека реформите се темелат на зајакнување на лидерството, воспоставување на современа законска рамка и забрзување на дигиталната трансформација, при што беше нагласено донесувањето на новите закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за обука и стручно усовршување, како и подготовката на Законот за високи раководители со кој се воспоставува јасен и мерит-базиран систем за избор и оценување на раководниот кадар. 

Посебен акцент беше ставен и на воспоставувањето на Академијата за обука на административните службеници како клучен механизам за континуиран професионален развој и градење на нова генерација јавни службеници. 

– Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции и одржлива европска иднина – нагласи министерот.

Во рамки на конференцијата, учесниците усвоија заеднички заклучоци кои ја рефлектираат заедничката визија за иднината на јавната администрација во регионот. 

Беше нагласено дека професионална и ефикасна јавна администрација е клучна за демократско управување и напредок кон ЕУ, при што зајакнувањето на капацитетите, мерит-системот и политичката посветеност се стратешки приоритети. Силното лидерство, управувањето со таленти и добрите работни услови се важни за ефективни институции, додека, дигиталната трансформација и агилноста ја подобруваат ефикасноста и транспарентноста. 

Исто така, беше истакната улогата на регионалната мобилност поддржана од РеСПА како алатка за размена на знаења и приближување кон ЕУ практиките.