Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Минчев: Го поставуваме темелот за нова генерација професионални лидери во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на програмата наменета за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на програмата наменета за едукација на високите раководители во италијанската јавна администрација, која се реализира во рамки на Националнота академија за јавна администрација на Италија (SNA), а на која учествуваа над 100 раководители.

Како што соопшти Министерството за јавна администрација (МЈА), Минчев ја претстави реформата што се спроведува во областа на професионалниот развој на административните службеници, со посебен фокус на воспоставувањето на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници.

– Нашата амбиција е Академијата да биде повеќе од место каде што луѓето едноставно посетуваат обуки. Сакаме таа да стане платформа за континуиран професионален развој, лидерство, размена на искуства и градење на компетенциите што ги бара современата европска јавна администрација – истакна Минчев.

Реклама

Тој нагласил дека Македонија во воспоставувањето на новиот систем не сака да се потпира само на сопственото искуство, туку активно да учи од европските институции со долгогодишна традиција во професионалниот развој на јавната администрација.

Минчев говорел и за реформата на системот на високи раководни позиции во Македонија. Тој истакнал дека Законот за високи раководители, усвоен претходно оваа година, ќе започне да се применува од октомври 2026 година, со цел да се зајакнат професионалноста, заслугите и одговорноста при изборот и именувањето на високите раководители во јавните институции.

-За нас, законодавството е само почеток. Вистинската реформа ќе се мери според тоа како овие принципи функционираат во пракса и според квалитетот на лидерството и услугите што ги чувствуваат граѓаните – истакна Минчев.

Посетата на Националната академија за јавна администрација на Италија е дел од активностите на министерот Минчев во рамки на официјалната посета на Рим, во која беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република.