Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, истакна дека ЗНАМ е задоволен од резултатите и ги оцени како одлични, се вели во соопштението од ЗНАМ.

„Не би се согласил дека движењето ЗНАМ има пад во гласовите. Напротив – ние ги исполнивме сите свои политички цели. Нашиот резултат не е добар, ниту многу добар, туку одличен,“ – рече Минчев.

Тој нагласи дека ЗНАМ настапи самостојно во 53 општини – што е една третина помалку од вкупниот број општини во земјата – и освои околу 40.000 гласови и 50 советници, бројка што целосно кореспондира со резултатот од парламентарните избори.

Реклама

„Движењето ЗНАМ се стабилизира на политичката сцена. Граѓаните ги поздравија нашите политики и тоа се гледа по бројките – една третина помалку листи, една третина помалку гласови, ист резултат како на парламентарните избори.“ – истакна Минчев.

На прашањето дали овие бројки ја намалуваат тежината на ЗНАМ во владината коалиција, Минчев одговори:

„Апсолутно не! Нашите цели се исполнети. Господинот Максим Димитриевски има убедливо водство во Куманово, а ние сме во втор круг и во општина Центар. Тоа е потврда дека граѓаните имаат доверба во нашите кандидати и политики.“

Минчев потенцираше дека ЗНАМ останува столб на стабилност и коректор во
Владата, со сопствени, автохтони политики, и дека партнерството со ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се темели на заемна поддршка и принципиелност.

„Ние не сме само коректор на ВЛЕН, туку и на одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа влада функционираме како едно големо семејство кое учи, расте и создава резултати за граѓаните,“- додаде Минчев.

На крајот тој порача дека Движењето ЗНАМ е најмладата, но и најбрзорастечка политичка сила во Македонија, која ќе продолжи со ист интензитет да ја спроведува својата визија за чесна, праведна и европска држава.