Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Минчев: Академија за дообука – една од опциите за некомпетентните службеници да се доедуцираат

Некомпетентните јавни службеници да се доедуцираат. Академија за обука на административците е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некомпетентните јавни службеници да се доедуцираат. Академија за обука на административците е една од најновите опции за да се реши проблемот со неефикасниот државен апарат. Експертите се уште дебатираат околу можноста моментално вработените службеници да ги зголемат своите квалификации за да можат да обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните.

„Засега балансерот не важи при новите вработувања. Сепак, претходните огласи течат според предвиденото. Додека нема законско решение, огласите продолжуваат врз база на знаење“, вели министерот

Минчев вели дека со Законот за правична застапеност на етничките заедници, за кој има експертска дебата, не смее да се брза. Најважно е, според него, со новото законско решение да не се брза за да нема злоупотреби. Минчев вели дека е потребно уставно решение со препорака од Венецијанската комисија.

Реклама

Извештаите на Европската Комисија со години наназад детектираат злоупотреби при вработувањата со балансерот. Според последниот, реформите во јавната администрација имаат умерен напредок. Целта е да се постиогне деполитизирана, транспарентна и отчетна администрација. Во Македонија работат над 130 илјади службеници. Од нив, Минчев вели дека според последните податоци од крајот наминатата година 23 биле Албанци, а 5 до 7% од другите етнички заедници, со што балансот на етнични заедници е веќе испочитуван.

Тања Попова