Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Милошоски: ДЗР повеќе од две и пол децении гради стабилна установа и претставува пример за професионализам и интегритет

Државниот завод за ревизија повеќе од две и пол децении гради стабилна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија повеќе од две и пол децении гради стабилна установа и претставува пример за професионализам и интегритет. Јубилејот од 26 години е време на докажана зрелост, изјави потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, на одбележувањето на 26 години ДЗР.

Државниот завод за ревизија, посочи Милошоски, претставува пример за тоа како се гради професионална институција, којашто, истовремено е и отчетна и знае да си ги изврши своите надлежности.

– Секој што е на позиција да располага со јавни средства треба во ДЗР, доколку е добронамерен, да гледа пријател и партнер, бидејќи ако добро ги чита и применува препораките на ДЗР тогаш ниту функционерот, ниту институцијата нема да имаат поголеми проблеми и ризици. Напротив, ќе имаат само дополнителна поддршка како подобро да управуваат со јавните средства, изјави Милошоски.

Реклама

Преку извршените ревизии, утврдени состојби и дадени препораки ДЗР, според Милошоски, придонесува за зајакнување на интерните контроли и унапредување на финансиското работење на институциите.

Собранието, како што посочи, има многу добра соработка со ДЗР, нагласувајќи дека на извештаите од ДЗР се гледа со висока доверба, веродостојност и кредибилитет.

– Тоа што нам ни помага како законодавен дом да ја извршуваме нашата функција, надзорна улога и контрола на извршната власт, во голем дел ни помагаат и извештаите на ДЗР, бидејќи на тој начин ние добиваме систематизиран, методолошки преглед за секоја јавна државна институција за којашто имаме интерес, изјави Милошоски.

ДЗР, нагласи Милошоски, ги оправдува и заслужува финансиите кои ги добива, бидејќи со својата работа, како што посочи, на државата и заштедува многу ресурси и таму каде што се направени одредени злоупотреби навремено ги дава индикациите за институциите да постапат.