Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Милошоски: Да не потпишуваа лековерно договори, Заев, Димитров, Османи и Маричиќ, како оној со Бугарија, Македонија ќе имаше далеку подобра меѓународна позиција

Антонио Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на една од националнтие телевизии се осврна на Извештајот од Европскиот парламент и истакна дека оваа состојба во која сега се наоѓа Македонија е резултат на  потпишувањето на контроверзни анекси на Договорот за добрососедство со Бугарија СДСМ и ДУИ. Според него, трошењето на ресурси на оваа тема можело да биде избегнато ако тие анекси не беа потпишани. Милошоски исто така потенцира дека прифаќа критики и сугестии од јавноста и академската фела.

,,Предлогот на Извештајот во ЕП не доаѓаше од македонски пратеници. Предлогот на Извештајот во ЕП доаѓаше од европратеник известител за Македонија, а е пратеник од Република Австрија. Известителот проценил дека тоа би требало да биде дел од Извештајот и сметам дека е од една страна што на Комисијата за надворешна политика во ЕП тој предлог извештај помина во почетната форма, а потоа видовме што се случи на пленарната седница“, рече Милошоски.

Според Милошоски, трошењето на ресурси немаше да се случи доколку претставници и функционери на претходната влада на СДСМ и ДУИ не потпишуваа контроверзни анекси надоврзани на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Реклама

,,Нам не ни треба нечија потврда за постоењето. Нам ни треба само една потврда за вистинските искрени или скриени намери на соседна Бугарија. И да бидам уште појасен. Ова веројатно немаше да биде воопшто потребно ваквото трошење на ресурси, дипломатски, политички државни на оваа тема доколку Заев, Никола Димитров, Бујар Османи Бојан Маричиќ и другите лековерно не ги потпишаа Договорот за добрососедство и сите непотребни би рекол и контроверзни анекси кои што ги надоврзаа на истиот“, кажа Милошоски.

Тој додаде дека критиките се добредојдени од јавноста, но последиците се поради претходната власт која го загрози идентитетот и самобитноста на македонскиот народ.

,,Затоа прифаќаме критика и од академската фела, прифаќаме сугестии и од јавноста. Но, во секој случај, се обидуваме да поправиме одредени штетни последици, коишто настанаа како резултат на ваквите лесни потписи во име на државата, а коишто сега ги трпиме како штета на идентитетот и самобитноста на македонскиот народ и нашиот јазик“, вели Милошоски.