Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Милошоски: Блокадата од СДСМ на Изборниот законик не е оправдана, опозицијата е отсутна од реформските дебати

Антонио Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој се осврна на Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик и посочи дека предложените измени имаат за цел да го направат изборниот процес поефикасен и ја повика опозицијата да не го попречува донесувањето на законските решенија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Загрижува најавата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој се осврна на Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик и посочи дека предложените измени имаат за цел да го направат изборниот процес поефикасен и ја повика опозицијата да не го попречува донесувањето на законските решенија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Загрижува најавата дека тие планираат да го блокираат Предлогот на Изборниот законик, Предлогот за Изборниот законик во најголем дел опфаќа инкорпорирање на препораки на ОБСЕ/ОДИХР, тоа се препораки коишто ги прават изборите полесни, поефикасни за ДИК каде што СДСМ има претседател, и сметам дека таквите препораки и нови норми не заслужуваат политичка блокада. Доколку СДСМ и ДУИ во претходниот мандат правеа чести злоупотреби на европското знаменце за закони коишто немаат врска за усогласувањето на македонското со европското законодавство, јас како претседател на комисијата немам намера да дозволам закон којшто не доаѓа од таа област да се злоупотребува европско знаменце за да го поминеме или да избегнеме филибастеринг, тоа нека биде одговорност на опозицијата и нивното поведение“, рече Милошоски и додаде:

„Очигледно е дека СДСМ носи одлука спрема Изборниот законик заради желбата на претседателот на СДСМ да се заштити или да најде алиби од некој следен изборен пораз. Филипче се повлекува од Изборниот законик, од работната група само заради својата лична кариера“.

Реклама

Милошоски обвини дека Венко Филипче и опозицијата не учествуваат активно во расправата за законите поврзани со Реформската агенда, посочувајќи дека опозицијата е речиси целосно отсутна од дебатите за реформските закони.

„Имаме дебата, не се законите спорни поминува јавна расправа, поминува комисиска расправа, доаѓаат на пленарна седница присутни се тука пратеници од опозицијата, не гласаат никако, ниту за ниту против ниту воздржани, а законот е од Реформската агенда, ниту пак некогаш бил присутен претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ретки случаи да дојде и да даде своја забелешка, критика. Комплетно е отсутен од дебатите за Реформската агенда, и не ни гласаат“, рече Милошоски.