Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Македонија

Милевски: Преку дигитализацијата градиме модерна држава со транспарентни институции и достапни електронски услуги за сите граѓани

Во синоќешното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Пеце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во синоќешното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Пеце Милевски кој дискутираше за дигитализацијата , односно стави акцент  на јавната расправа која се одржа во четвртокот на тема „Реформски пакет на Предлог-закони за дигитална трансформација на Македонија, но и за можностите кои ги имаат граѓаните во насока на полесно добивање на електронски услуги.

Во поткастот тој истакна дека со реформскиот пакет закони за дигитална трансформација се обезбедуваат директни бенефити за граѓаните, се зајакнува безбедноста и интегритетот на дигиталните услуги, а воедно ги истакна и предностите од Законот за архивски материјал и архивска дејност.

„Благодарение  на младиот и проактивен министер, еве стигнавме до четири закони коишто треба да бидат навистина реформски, коишто треба да бидат про-ЕУ,  значи со внесување на ЕУ директиви во нив и коишто ќе придонесат за подобро функционирање на  одредени институции но и услуги коишто граѓаните треба да ги имаат, но исто така ќе олесниме и подобро функционирање на институциите со самиот  закон за архивско работење, на еден унифициран начин, со една база на податоци во којашто полесно ќе се работи, односно ќе се создава архивата, ќе се работи со неа, ќе се чува и полесно ќе се комуницира, но и безбедно ќе може граѓаните да ги имаат или да ги добиваат или да испраќаат документ, но институциите меѓусебно полесно да комуницираат и побезбедно“, вели Милевски.

Реклама

Пратеникот во поткастот истакна дека порталот е-услуги нуди можност граѓаните да добиваат документи со дигитален потпис и печат, а со самото тоа и скратување на времето за добивање на документите.

„Конкретно е-услугите во нашата држава треба да му помогнат на секого од нас побрзо да стигне до било која услуга, дали е лична карта, дали е извод,  дали е уверение, дали е возачка дозвола или е некое барање до некоја институција, конкретно порталот е-услуги нуди голем број на услуги коишто треба да се надградуваат и ќе се надградуваат, а овие законски измени токму тоа и ќе го овозможат, што повеќе услуги граѓаните да ги добиваат по електронски пат со нивен дигитален потпис, со дигитален печат, со обезбедена сигурност, безбедност, да им овозможиме на граѓаните да имаат подобри услови на живеење, да ја намалиме бирократијата и да го намалиме времето на граѓанинот да стигне до одреден документ, до одредена услуга“, рече Милевски.